Нов правец во јогата вклучува гласно пцуење и одење на пиво
Граѓаните на Калгари во Канада направиле нов правец во вежбањето на древната вештина Рага јога.
Новиот концепт го задржал мирниот, Зен амбиент на јогата, но со додаток оние кои вежбаат, при издишувањето , да можат да пцујат и да викаат во одредени пози, а по вежбите задолжително да одат на пиво.
Комбинацијата на дружење, паб, пиво и јога се покажала како успешен вид на релаксирање по стресниот ден, пишува „Би-би-си“.
– На тренинзите нудиме „богат“ речник, смеа и безобразни шеги – пишува на интернет-страницата која своето движење го опишува како „комбинација на истегнување, позиционирани вежби и лош хумор со цел на постигнување на добро здравје“.
Цената на еден час е околу 9 долари и вклучува ваучер со попуст за две пива. Творецот на овој концепт, Линдиз Истак која предава флексибилност и здравје, дошла на идеја за ослободување од бесото со своите асани јога пози, по болно раскинување на врска.
– Бев збунета, полна со бес и болка. Тогаш открив дека вклучувањето на пцовки во јогата има позитивен ефект – изјавила Линдзи.
Предностите на јогата и медитацијата се добро познати, а студиите покажале дека „безобразниот речник“ ја зголемува толеранцијата на болка, дека не прави убедливи во деловните разговори и дека создава чувство на солидарност. Спојот на вежби, мир и пцуење нуди нов пат кон личниот мир и ни помага да се соочиме со стресот – пишува „Би-би-си“.
Извор: Плусинфо.мк