Во Лондон се отвора ресторан во кој гостите ќе јадат сосема голи
Ова лето во Лондон се отвора ресторан кој им овозможува на гостите да јадат оброци сосема голи. Ресторанот „Бунјади“ има за цел да им пружи комплетно природно искуство на гостите во текот на јадењето, во свеж и чист амбиент.
Ресторанот ќе има посебен дел за облечените, односно за оние кои не се доволно храбри за да се одлучат на ваков чекор. Ресторанот ќе бид еотоврен во јуни на се уште непозната локација во центарот на главниот град на Англија.
Гостите на ресторанот „Бунјади“ ќе уживаат во целосно природен амбиент, што подразбира ентериер од дрво и пробор за јадење и рачно изработени садови од глина.
– Верувам дека луѓето треба да добијат прилика да уживаат во поразлично ноќно излегување кое подразбира оброк без струја, плин, телефон, па дури и без облека. Идејата е да се искуси духот на целосната слобода – изјавил Себ Лиајле.
Нема сомнежи дека ова е еден од најголемите предизвици кога се во прашање синџирот ресторани во Лондон, а сопствениците се повеќе од возбудени. Соблекувалните и ормарите ќе бидат достапни за оние кои ја соблекуваат облеката од долниот дел на телото, а фотографирање ќе биде забрането.
Извор: Плусинфо.мк