Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

„Улмер Мунстер“, највисоката црква во светот, има проблем со корозија, но не е предизвикана од хемиските елементи на врвот на кулата, туку од мажите кои често мократ покрај нејзините ѕидови.

– Вложуваме милиони за обнова на кулата, а истовремено нашите камени ѕидови се нагризени на дното, вели свештеникот на оваа лутеранска срква Табеа Фреј, пренесува Хина.

– Желудникот ми се првртува од лутина што немаат почит кон ништо. Песочникот се распаѓа, слоевите кои се дебели неколку сантиметри се уништени, додава Фреј.

– Далеку од тоа дека Улм е единствен град кој го има овој проблем. Мажите ја „обележуваат својата територија“, нагласи Волфганг Бухман од германскиот сојуз на уролози, и таа навика ја опиша како „рудиментарно однесување“, кое доаѓа на површина како последица од алкохол.

Темелите на црквата во Улм, гордоста на градот во југозападна Германија, се положени во 1377 година.

Со 161,1 метар Улмер Мунстер е највисока црква во христијанството.

Извор: Локално.мк

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново