Белграѓанин на оригинален начин го прослави разводот
Еден тазе разведен Белграѓанин на крајно оригинален начин демострирал дека не е само стапувањето во брак нешто што треба да се прослави.
За разлика од луѓето кои го прославуваат фактот дека ја пронашле љубовта на својот живот и ја крунисале со брак, има и такви кои во таа авантура влегле поради погрешна причина, поради што го прославуваат и разводот.
Еден од тие луѓе е еден жител на Белград кој во својата населба се провозел со својот автомобил, преку чие задно стакло развлекол натпис разведен. Освен тоа на браникот закачил канап на чиј крај имало неколку празни лименки, какви што може да се видат на автомобилите на младениците во америкаснките филмови. Воодуешвените минувачи го снимиле овој човек и фотографијата ја споделиле на социјалните мрежи.
Извор: Плусинфо.мк