Астронаут истрча маратон во вселената
Британскиот астронаут Тим Пик стана првиот маж кој истрча маратон во вселената, но бил нешто побавен од маратонците на Земјата.
Пик класичните 42 километри ги истрчал на посебно адаптирана лента на Меѓународната вселенска станица (ИСС). Тоа било можно единствено со еластични ленти прицврстени на рамениците за да се спречи да одлебди од лентата.
Трчал истовремено со одржувањето на Лондонскиот маратон, 400 км под себе. Пик својата трка ја завршил за три часа, 35 минути и 21 секунда, околу час и пол побавно од победникот во Лондон, Кениецот Елиуд Кипчог.
Пик во 1999 истрчал маратон и „на овој свет“ и тогаш му требале три часа и 19 минути.
Американската астронаутка на ИСС Сунита Вилијамс стана во 2007 првата личност која истрчала маратон во вселената, за четири часа и 24 минути.
Извор: Плусинфо.мк