Научниците создадоа втора кожа
Американските научници тврдат дека развиле невидлив полимер кој може да се носи преку кожата и на тој начин да и даде помлад изглед, пренесува „Метро“. Целта на изумот наречен „Втора кожа“’ е да ги имитира карактеристиките на природната кожа, како еластичноста, па така оној кој ќе ја носи оваа кожа ќе изгледа помладо.
– „Втората кожа“ може да се носи со денови, а може и да и го врати младешкиот изглед на вистинската кожа и да го преобликува лицето и вратот.
Научниците од Институтот за технологија во Масачусец велат дека овој полимер ќе има голем број намени во иднина, како во козметиката за затегнување на кожата и за заштита на сувата кожа, така и во лекувањето на кожните болести.
„Втората кожа“ може да се мие и да се трие и долго време може да остане во одлична состојба.
Извор: Плусинфо.мк