Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Еден Кинез склопил 840 Рубиконови коцки и ги употребил за да направи мозаик од ликот на девојката во која е вљубен, а во овој случај тоа била неговата сосетка.

- Сакав да ја изненадам, но бев одбиен - изјавил тажно Тонг Оан, механичар од северна Кина.

Тонг два месеци правел мозаик висок два метри. Дизaјнот го нацртал во Фотошоп, а потоа потрошил 460 долари за да купи 840 Рубиконови коцки. Направил и посебна дрвена рамка, во која полека ги сложувал коцките, а му биле потребни три ноќи тоа да го направи.

Тажната љубовна приказна на Тонг и фотографиите од мозаикот станале вирални на социјалните мрежи. Тој вели дека не и е лут на девојката која го одбила.

- Луѓето почнаа да зборуваат грдо за неа на интернет. Се надевам дека ќе престанат да го прават тоа. Таа не направи ништо лошо.

Едноставно таа не ги има истите чувства за мене - изјавил овој несреќен Кинез.

Мозаикот во моментот се наоѓа во неговата куќа и сега тој смислува начин како да го премести оттаму, бидејќи му зазема голем простор. Инаку во слободното време, Тонг најмногу сака да сложува сложувалки и да решава загатки.

Кина стана позната по ваквите несекојдневни изјави на љубов. Така едно момче ја запросило својата девојка со помош на 99 Ајфони, а во Сичуан едно момче ја побарало раката на својата девојка така што направило две огромни срца од илјада црвени лути пиперчиња.

Извор: Плусинфо.мк

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново