Мода за кучиња е хит на социјалните мрежи
Објавено на 17 мај, 2016 во 13:02
Куче, раса мопс од Њујорк на име Мејбел стана ѕвезда во Instagram, откако газдарицата секој ден почна да го облекува со различна облека и го снима, пишува Mashable.
На сметката на кучето во социјалните мрежи се потпишале повеќе од 1,4 илјади луѓе.
“Мејбел ја менува својата облека секој ден” – раскажува Лорен Ротберг, спотственичка на кучето. Со нејзини зборови, животинчето веќе е навикнато секојдневно да е во различна облека.
Во март оваа година, други два мопса од Остин, Тексас, станаа миленици на социјалните мрежи откако споственичката Лили, која се интересира за фотографија исто ги покажа во различна облека. Роко и Валдон беа лајкнати од над 13,8 илјади лица.
Извор: Локално.мк