Бизнисмен од Обединетите Арапски Емирати за регистарска табличка платил 4,3 милиони евра
За да го има на регистарската табличка само бројот „1“, еден бизнисмен од Обединетите Арапски Емирати платил вистинско богатство – за да биде број 1.
За да го има на регистарската табличка само бројот „1“, еден бизнисмен од Обединетите Арапски Емирати платил вистинско богатство.
Ариф Ахмед ал-Зароуни на аукцијата успеал да победи, понудувајќи за табличката вртоглави 4,3 милиони евра.
– Мојата амбиција е секогаш да бидам број еден – рекол тој по победата во надметувањето.
Неговата понуда била 18 пати поголема од почетната цена, но тоа не е најголмиот износ кој е платен за една табличка во ОАЕ.
На аукцијата во 2008 година, табличката со бројот „1“ е продадена за 6,6 милиони евра.
Шеесет најбарани таблички ќе бидат понудени на следната аукција. Најпопуларни се оние кои ги имаат броевите 12, 22, 50, 100, 333, 777, 1000, 2016, 2010 и 99999.
Извор: Локално.мк