Мексиканските велосипедисти се провозеа голи во знак на протест
Објавено на 13 јуни, 2016 во 07:14
Стотина разголени велосипедисти во саботата се собрале во Мексико Сити за да предупредат на тоа дека се загрозени во сообраќајот.
Насликани на телата и лицата Мексиканци од сите возрасти педалирале 23 километри низ градот.
– Бројните велосипедисти ги бојадисале своите тела за да покажат дека тоа е нашата каросерија кога возиме по улиците. Велосипедистите се многу ранливи, како и пешаците – објаснил 24-годишниот Хуан.
Светската акција за заштита на велосипедистите „World Naked Bike Ride”, која се спроведува во стотина градови низ светот, во престолнината на Мексико се одржува редовно од 2005 година.
Извор: Плусинфо.мк