Мистериозен Аргентинец ги купи искинатите чорапи на Хитлер за 18.000 евра
Мистериозен Аргентинец купи за 600.000 евра облека и лични предмети на нацистите на контроверзната аукциска продажба во Минхен, меѓу кои и палтото на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, пренесе германскиот весник „Билд“.
Купецот, помеѓу другото, дал 275.000 евра за палтото на Хитлер, 3.000 евра за делумно пропадната поткошула на Херман Геринг, како и за искинатите чорапи на Хитлер проценети на 18.000 евра.
Како што пренесува „Билд“, на аукцијата претежно биле млади двојки, постари луѓе, како и мажи со избричени глави и со тетоважи.
Купецот само кратко рекол дека купените реквизите ќе бидат музејски експонати, не наведувајќи други детали.
Централниот совет на Евреите во Германија изразил нагодување за најавената аукциска продажба, оценувајќи ја како „скандалозна и гнасна“.
Аукциската куќа „Херман хисторика“, која своите каталози ги дели само на купувачите, им забранила на новинарите пристап до продажбата, наведувајќи дека не сака да го „нарушува социјалниот мир и да ги повреди чувствата“ со оценка дека е „целосно свесна за историјата на Германија од 1933 до 1945 година“.
„Билд“ навел дека новинарот на весникот успеал да се вмеша меѓу купувачите.
Извор: Плусинфо.мк