Дечиња со заврзани очи беа замолени да си ги препознаат мајките според уникатната меѓусебна врска
Објавено на 24 јуни, 2016 во 07:54
Ова е мал експеримент за уникатноста на жената и специјалната врска помеѓу мајката и нејзиното дете. 6 жени биле замолени да им ги преврзат очите на нивните најмили.
Децата потоа беа упатени кон група жени и користејќи ги своите сетила и интуиција требаше да ги препознаат своите мајки. Нервоза, љубов и малку солзи ја исполнија собата додека дечињата на возраст од 3 до 9 години се обидоа и успеаја да ги пронајдат своите едни и единствени мајки од прва.
Извор: Локално.мк