Поради развод, 500 патници чекале седум часа да полетаат
Околу 500 патници кои се качиле на летот Москва- Владивосток морале да се симнат од авионот кога една патничка ненадејно одлучила да се разведе. На крај, летот бил одложен седум часа поради што патниците биле многу изнервирани.
Инцидентот се случил на московскиот аеродром „Внуково“ на летот на компанијата „Росија ерлајн“ додека авионот се подготвувал за полетување, пренесува „РИА новости“.
Останатите патници воопшто не биле среќни поради ова.
– Една патничка на возраст од 40 години одлучила да се разведе од сопругот. И тоа итно! Не сакаше да се симне од авионот. Посадата се обидуваше да ја убеди да не го напушта леталото бидејќи процедурата за такво нешто е многу долга – напишала извесна Елена на својот профил на Инстаграм, една од патниците кои морале да чекаат со часови.
Овој настан најмногу ги изреволтирал семејствата со помали деца, а некои барале компанијата да ја казни патничката со голем износ.
Сведоците велат дека патничката одеднаш рекла: „Не сакам да летам сега“.
Таа барала персоналот на авионот да ја пушти да излезе, а поради безбедносните процедури, повеќе од 500 други патници морале да го напуштат авионот.
Извор: Плусинфо.мк