Кејти Пери го претстави спотот за химната на Олимписките игри во Рио
Во инспиративниот спот за химната на Олимписките игри „Rise“ Кејти Пери им оддава почест на тркачите, гимнастичарките, пливачите, фудбалските ѕвезди и на многу други спортисти кои ќе дадат сè од себе на Олимписките игри во Рио.
Тригодишната пауза во објавувањето на новите песни Кејти Пери ја прекина со спотот за нумерата „Rise“. Химната на Олимписките игри во Рио Кејти ја потпишува заедно со Макс Мартин, Савана Котеча и Али Пајами, а првенствено е наменета за ТВ-станицата „Ен-би-си“ за следење на овој голем светски спортски натпревар.
Во спотот што го режираше Џозеф Ли пејачката не се појавува, но тука се бројни спортстки ѕвезди, како Јусеин Болт од Јамајка…
– Ова е песна која во мене крчкаше со години и сега конечно успеа да излезе на површината. Бев инспирирана сега да ја завршам, не да ја чувам за следниот албум, бидејќи сега повеќе од кога и да е, е потребно светот да се обедини. Знам дека заедно можеме да се кренеме над стравот, во нашата земја и низ светот. Не можам да замислам подобар пример од олимписките натпреварувачи, бидејќи заедно во Рио ја покажуваат својата сила и храброст за да нè потсетат дека сите можеме да се здружиме и да бидеме најдобри што можеме. Се надевам дека оваа песна може да инспирира да се обединиме и заедно да станеме – навела Кејти во изјавата.
Оваа песна ќе биде изведена и на 5 август, на церемонијата на отворањето на Олимписките игри 2016 година.
Спотот погледенете го ТУКА.