Русин во балон поминал повеќе од половина пат околу светот
Објавено на 20 јули, 2016 во 09:16
Рускиот авантурист Федор Коњуков е блиску до остварувањето на својата цел самостојно во балон да облета околу светот без застанување.
Коњухов со денешниот ден поминал повеќе од половина пат откако на 12 јули тргна од Нортем во Австралија во балонот наполнет со хелиум и топол воздух.
Неговиот син Оскар Коњухов вели дека 65-годишниот авантурист се бори со недостаток на сон, смрзнувачки температури и мраз во неговата маска со кислород.
Коњухов треба да пристигне назад во Австралија в недела, 12 дена од почетоокот на патот.
Претходниот рекорд го оствари американскиот авантурист Стив Фосет кој самостојно ја обиколи земјата во балон за 13 ден и осум часа, во 2002 година.
Извор: Плусинфо.мк