Создадоа плејлиста со песни кои ги смируваат кучињата
Објавено на 21 јули, 2016 во 09:43
Животински психолог создаде плејлиста со песни кои ги смируваат кучињата. Тој го споредил пулсот на животните во мирување со ритамот на мелодијата, соопштија Прес асосиејшн.
Најпогодни се покажаа песни како “Someone Like You” на Адел и “Love Yourself” на Џастин Бибер. Во списокот за влезе и песната “Park Life” на група “Блер”.
Уште подобар смирувачки ефект врз кучињата сепак има говорот. Затоа д-р Сандс препорачува на сопствениците на кучиња да го остават радиото вклучено, кога излегуваат од дома.
Извор: Локално.мк