Дубаи гради „Град на иднината“
Дубајските власти најавија лансирање на нов голем проект на “град на иднината”, со цена околу 40 милијарди дирами (10 милијарди долари). Информацијата е објавена во The National.
Проектот е околу 4 километри квадратни и вклучува станбени згради за 35 илјади лица и 7,2 илјади хотелски соби. Според компанијата Dubai Holding, која е авторот на проектот, тој “ќе постави нови меѓународни стандарди во областа на урбанизмот”.
Проектот предвидува создавање на модерна инфраструктура, вклучувајќи комбиниран еколошки транспортен систем, во која меѓу другите средства се планира масовно користење на воздушни гондоли. Повеќе од половина од површината на “градот на иднината” ќе биде издвоена за паркови и други јавни места. Според креаторите, проектот има за цел не само да го подобри квалитетот на животот, но и “формирањето на идните генерации.”
Работата на проектот на “градот на иднината” се водела во последните две години од 19 различни јавни и приватни организации, вклучувајќи светски архитектонски и консултантски фирми, посочува весникот. Во исто време во Дубаи се проектира и најголемиот “град под купола” во светот, која има за цел да го претвори градот во целогодишно одморалиште.
Со цел да се привлечат туристи во жешките летни месеци во Дубаи секоја година се одржува фестивал на попусти и специјални понуди во трговските центри.
Извор: Локално.мк