Осум децении работи како секретар на училиште
Американката Елизабет Дејвис денеска има 99 години и слави цели 80 години од како без пауза работи во едно средно училиште во Индијана
Госпоѓа Елизабет Дејвис се уште не планира да замине во пензија. Во разговор за американската телевизиска мрежа Еј-би-си, таа раскажува дека во 1936 година почнала да работи во академијата „Калвер“, гимназија во истоимениот град во Индијана, бидејќи по завршенрото средно училиште немала доволно пари за да се запише на универзитет.
Како и во првите денови кога имала своја мала канцеларија, Елизабет Дејвис и денска користи машина за пишување и пишува со налив – перо додека ги обавува секојдневните обврски. „Не панирав да бидам тука толку долго, а за тоа време имаше многу промени, но сето тоа јас го работам и на машината за пишување“, објаснува госпоѓа Дејвис зошто никогаш не прешла на работа со компјутер. Покрај тоа, таа предупредува дека е секогаш добро да се сочуваат хартиени копии на секој документ.
Елизабет Дејвис ја обожува својата работа и секојдневно доаѓа да работи во училиштето, а тоа и помага да ја надмине осаменоста, откако починал нејзиниот сопруг во 2004 година.
Живее потполно самостојно во својата куќа, а до работа и назад секој ден ја вози колешка од соседството, бидејќи, како што вели , престанала да вози, бидејќи „не е сосема безбедно сама да биде во автомобил“.
Извор: Плусинфо.мк