Мигрантка се породи во водите на Медитеранот, бебето нема државјанство!
Би-би-си наведува дека жена од Нигерија се породила во меѓународните води така што на бебето не му е одредено државјанство.
Лекарка на волонтерската организација МСФ, изјавила дека „породувањето поминало нормално во екстремно ненормалните услови“.
Жената која мигрирала од Нигерија, се породила на спасувачкиот брод откако е преземена од преполниот гумен чамец.
Бабицата која ја породила мигрантката вели дека е почестена што можела да помогне во овој случај.
– Не можам да замислам што би се случило доколку породувањето се случеше само ден порано, во гумен чамец кадешто мајката не можела ниту да се испружи, а подот бил покриен со истечено гориво. Би биле во немилост на морето – рекла бабицата Никол Џонкил.
Органзацијата МСФ наведува дека родителите на бебето, Отас и Фејт Окнбор, го нарекле бебето Њумен Отас, а дека државјанството е спорно, имајќи предвид дека е родено во „ничии води“.
Родителите на новороденчето пребегнале со уште две деца на возраст од пет и седум години. Спасувачките екипи на организацијата „Аквариус“ го преземале семејството по три дена контракации на трудницата, а само 24 часа пред породувањето.
Во соопштението на МСФ се наведува и дека случаите на породување во водите на Медитеранот се ретки, иако уште едно бебе, чија мајка мигрирала од Камерун, е родено на бродот на организацијата „Аквариус“ во мај годинава.
Извор: Плусинфо.мк