Делфините разговарат како луѓето!
Два возрасни црноморски делфини по име Јаша и Јана разговарале неколку минути во базенот во кој живеат веќе 20 години, не упаднувајќи еден на друг во „зборот“. Научниците го снимиле нивниот „муабет“ и сега сметаат дека во тој материјал успеале да препознаат „зборови“ и „реченици“.
– всушност, ова размена на информации навистна потсетува на разговор помежу луже – вели Вјачеслав Рјабов, водач на истражувањето од Резерватот Карадаг на Крим.
Делфините за комуникација користат два различни типа на огласување – свиркања и кликтање, познато и како пулсирање.
Користејќи ја новата опрема за снимање на звуци, Рјабов разложил поединечни хекохеретни пулсови, од кои секој звучал различно и по траење и по фреквенција.
– Имајќи го тоа предив, можеме да претпоставиме дека секоуј пулс претставува фонема или „збор“ на „делфинскиот јазик“, напишал д-р Рабјов.
„Бидејќи овој јазик ги има сите карактеристики на постоечкиот човечки говорен јазик, делува дека делфините имаат високо ниво на интелигенција и дека се освестени“, стои во трудот кој е објавен во магазинот на Политечхничкиот Универзитет во Санкт Петербург : физика и математика.
Во својот труд Рјабов ги повикува другите научници да создадат апарати за надминување на границата во ком,уникацијата помежу делфините и луѓето – смета тој.
Другфите научници се малку попретпазливи во давањето на такви проценки..
Џошуа Смит од универзитето Мердок смета дека се потребни уште истражувања за да се потврди дека делфините навистина маубетат како луѓето.
Извор: Плусинфо