Бомба од Првата светска војна го создаде најубавото место на Земјата
Воените лидери на мексиканската војска на почетокот на 20. век веројатно не сонувале дека нивните воени вежби на островите Мариета ќе изродат еден ден едно од најубавите туристички светски сензации.
Тестирањето на бомбите создале огромен кратер среде густа шума кој со тек на времето станал плажа од соништата. Мексиканците ја нарекла „Плажа на љубовта“.
Во кратерот се оформила прекрасна песочна плажа од која со водени тунели може да се стаса и до самиот брег на морето. Плажата на љубовта не е единствената случајна сензација на острвот. Останатите експлозии создале бројни пештери и тунели кои туристите со задоволство ги истражуваат.
Вентура Осорио, човекот кој работи како водич на островите Мариета, го објаснил феноменот на скриената плажа.
– Воочи Првата светска војна мексиканската војска ги користеше островите како полигон за тестирање разни бомби. Оваа плажа настанала како резултат на тоа, но и на други фактори како што се временските услови и ерозијата на карпите – рекол Осорио.
Извор: Плусинфо.мк