Чудо или измама: Девојче умрено пред 300 години ги отвори очите?!
На Јутјуб се појави видео на кое туристите во катедралата во Халиско во Мексико наводно го снимиле моментот во кој детето, кое умрело пред 300 години, ги отворило очите.
Додека едни тоа го сметаат за знак други тврдат дека станува збор за измама и местенка. Легендите за починатот девојче, кое е прогласено за свето како и нејзините остатоци се оставени во катедралата, се различни. Најпозната е приказната според која девојчето сакало да оди на првата причест заедно со колегите од училиштето, но таткото тоа и го забранил. Калуѓерките ја повикале и девојчето тајно отишло на првата причест. Кога нејзиниот татко тоа го дознал, ја избодел до смдр, пишува британски „Мирор“. Мештаните нејзиното тело го донеле во катедралата каде што била погребана и станала симбол на љубовта кон Исус.
Слична приказна се појавила и во 2014 година во Италија. Тогаш било објавено видео на кое се гледа како наводно Росалиа Ломбардо, која умрела во 1920 година трепка. Росалиа имала само две години кога умрела од воспаление на белите дробови. Таткото, генерла Ломбард, била скршен од нејзината смрт. Бил богат и му платил на стручњакот Алфред Салафија да го балзамира нејзиното тело. Салафиа телото толку добро го балсамирал така што и до ден денес девојчето изгледа како да заспало. Поради тоа ја викаат „заспаната убавица“. нејзиното трепкање го објасниле научниците кои тврдат збор за оптичка измама. Во прашање е оптичка илузија поради светлината коај ај филтрираат страничните прозорци,а чиј интензитет во текот на денот се менува.
Извор: Плусинфо.мк