Славната мачка од интернет доби своја статуа во Истанбул
Објавено на 5 октомври, 2016 во 08:19
Секој сопственик ќе се сеќава на својата мачка, а постојат само неколку мачки на кои ќе се сеќава целиот свет. Таков е случајот со Томбили, загинатиот турски мачор, чиишто фотографии додека позира во седечки став го обиколија светот, а кој неодамна е награден со сопствена статуа на своето омилено место за седење.
Томбили ја стекна славата откако минувач ја сними како сосема опуштено, како човек, седи и ја набљудува околината во Истанбул.
Набрзо стана легенда на интернет, а кога загина во август, локалните власти одлучија да го овековечат со бронзена статуа на неговиот ѕид.
Случајност е што статуата ќе биде претставена токму денеска, на Светскиот ден на животни.