Свирењето го поттикнува развојот на мозокот кај децата
Објавено на 26 октомври, 2016 во 08:49
Истражувањата на научниците покажаа дека свирењето некој музички инструмент во претшколската возраст има повеќекратна корист за развој на мозокот. Детето што пред седмата година научило да свири на некој инструмент – има подобра синхронизација и ритмички е поточно.
Експертите испитале 36 луѓе со музичко образование, делејќи ги во две групи. Во првата биле оние што научиле да свират пред седмата година, а во втората оние што првите часови ги имале подоцна. Во студијата е констатирано дека учењето бара координација помеѓу рацете и визуелните или аудитивните стимулси, што придонесува за подобар развој на мозокот и за побрзо созревање на сензорните и на моторичките делови на мозокот.