Астрономи посочија каде се наоѓа „Раката на Бога“
Научниците открија детали од невообичаена космичка појава.
Специјаалисти од НАСА открија детали од ѕвездената појава, која потсетува на човечка рака, наречена “Раката на Бога”. Необичната маглина се формирала од остатоците на ѕвездите PSR B1509-58 и се наоѓа во далечната вселена, на околу 17.000 светлосни години од Земјата.
“Раката на Бог” беше забележана пред неколку години од опсерваторијата NuSTAR (Nuclear Spectroscopic Telescope Array).
Според информациите на НАСА тоа се пулсирачки ѕвезди, кои се претвораат во супернова, соопшти Русскаја Весна.
Астрономите не можат да разберат како се формира токму оваа форма.
Сликите на NuSTAR им дозволија на научниците да разјаснат дека има разлика во различни делови на “Раката на Бога”. На пример прстите се во зелена боја, имаат повисока густина во споредба со горниот дел, која е сива.
Облакот кој чинеше дека ја одржува дланка, е со структура RCW 89, која при нанавалување, почнува да свети со рендгенски зраци.
Таа има дијаметар од 19 километри и прави седум свртувањаво секунда, претворајќи честички во материја. Честички комуницират преку магнетното поле, што доведува до рендгенски зраци. Како резултат на тоа се добива облак, која потсетува отворена дланка, соопштија научниците.
Тие не можат подетално да ја разгледаат пулсирачката рака поради неговата осветленост.
Извор: Локално.мк