Промовирана пластична банкнота од 10 фунти со ликот на Џејн Остин
Објавено на 21 јули, 2017 во 07:35
Банката на Англија ја промовираше првата пластична банкнота од десет фунти, на која се наоѓа ликот на писателката Џејн Остин. Оваа банкнота официјално ќе биде пуштена во оптег на 14 септември.
Банкнотата со ликот на Џејн Остин следи откако лани беше промовирана и нова банкнота од пет фунти изработена од полимер, за кој британската централна банка тврди дека е подолготрајна и потешка за фалсификување. Пуштањето во оптек на пластична банкнота од 20 функти е планирано за 2020 година.
Новата банкнота од 10 фунти беше промовирана на денот кога се одбележуваат 200 годии од смртта на Џејн Остин.