Почина познатата мачка Градоначалник
Стабс, почесен градоначалник на градот Талкетна на Алјаска угина на 21. година од животот. Семејството од лидерот се прости преку официјално соопштение.
– Тој беше храбар до последниот ден од животот. Мјаукаше кога сакаше да се мази или ни доаѓаше во кревет и со часови предеше – се вели во соопштението.
Градоначалникот Стабс заспал во четвртокот и повеќе не се разбудил.
Талкетна, гратче со 900 жители го избра жолтото маче за свој лидер во 1998 година и тој набрзо стана туристичка атракција во тоа место, кое нема човек градоначалник.
Тој преживеа напад на куче во 2013 година и лажни извештаи за неговата смрт минатата година. Сепак кон крајот на 2016 година повеќе немал сили да го поминува времето во продавницата, како што вообичаено правле и и морал да остане во куќата.