Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Седум годишно девојче од Велика Британија откри меч во езеро, во кое се верува дека е фрлен легендарниот “Екскалибур” – мечот на кралот Артур. Малата Матилда го открила за време на нејзиниот летен одмор со своето семејство во Корнвол, Англија.

Токму таму се наоѓа езерото Дозмари во кое според легендата е фрлен магичен меч “Екскалибур”. Мечот е древен симбол на независноста на Англија, и се тврди дека нејзиниот сопственик мора да стане полноправен крал на царството.

Појавување на мечот на Матилда најверојатно нема археолошка вредност пишуваат англиските медиуми, зато што се тврди дека наводно станува збор за стар филмски реквизит.

Легендата сепак вели дека кралот Артур го добил волшебниот меч “Екскалибур” од волшебник, кои живее на дното на езеро или т.н. дама на езерото.

Откако Артур бил смртно ранет во една битка, тој го дал мечот односко му го доверил на својот витез Грифлет и му заповедал да го исфрли назад во езерото. Миг пред мечот да ја допре водаат, на површината се појави раката на жената, која го однела во длабочините.

Според историчарите, езерото од легендата веројатно е Дозмари, кое се наоѓа во денешниот Корнвол, Англија. Таму семејството на 7-годишната Матилда заминало на одмор. Кога тоа влегло во водата, девојчето го пронашло мечот на дното, вели нејзиниот татко, Пол Џонс.

“Тој беше само до половина во вода, а таа ме повика да го видам мечот. Им реков да не одат и веројатно видела парче ограда. Кога погледнав, сфатив дека тоа е навистина меч. Тој само лежеше на дното “, објасни тој. Според други легенди, Екскалибур е т.н. “Меч во каменот”, и оној што ќе успее да го извлече, ќе стане целосен крал на Англија. Отворениот меч има должина од 2 метри.

 

Најново