Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Изворот на италијанската река По потполно пресуши поради долгото и врело лето, што има трајни последици врз земјоделските култури во северниот регион.

На планината Монвисо, на карпа пишува „Овде почнува По“, со што е означен изворот на 652 км река, која е најдолга во Италија.

Реката често е користена во литературни дела, па така и Данте во Божествената комедија пишува за По како слична на онаа која води во Пеколот во неговото дело.

Но, сега, изворот е сув – што е екстремно редок феномен.

Во околината на базенот на По во август годинава имало дест отсто помалку врнежи отколку лани истиот месец, според податоците на агенцијата за заштита на околината.

Ова се лоши вести за земјоделството, житото, виновите насади покрај По, кои бараат 17 билиони метри кубни вода секоја година. Со сушењето на тревата и животните немаа што да пасат, што доведе до намалено производство на млеко.

Според потрошувачката организација Coldiretti сушата на По се заканува на третина од фармерското производсво во Италија, како и на половина од фармите.

По второто најтопло лето во последните 60 години и најсушен период, езерата и реките во Италија кои се природни резервоари, едвај да имаат вода. Во април годинава, нивото на реката По било еден метар пониско од истиот период лани.

Поради врелото лето, и во Рим повеќето фонтани останаа без вода са пиење, додека Ватикан ги исклучи украсните фонтани, во знак на солидарност.

Сушата, која дојде со жешкиот бран наречен Луцифер, предизвика и големи пожари, што дополнително лошо влијаеше врз земјоделството.

Во некои региони, бербата на грозјето почна многу рано, поради неподносливите горештини.

 

Најново