Дубаи ќе прави втора Венеција
Дубаи најави изградбата на проектот за “ревизорски град” според моделот на италијанската Венеција вредност 680 милиони долари, соопшти весникот “Арабиан бизнис” (Arabian Business).
Проектот ќе биде врз основа на The World Islands – острови на 4 км. од крајбрежјето на главниот град на емиратот Дубаи. Дел од блискоисточната Венеција ќе е под вода.
Посетителите ќе пристигнуваат по море или со авион. Потоа ќе бидат транспортирани со канали кон места за рекреација со увезени од Италија гондоли. Освен хотели и други места за одмор, во дубајската Венеција ќе има и места за одржување на традиционални италијански фестивали, изложби и други настани.
Околу “Сината Венеција” ќе бидат згрижени 400 000 квадратни метри морски корали и ќе има 12 пловечки плажи.
Дубајската Венеција ќе ги прими првите гости во 2020.