Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Најстарата панда во светот, 37-годишната Баси, угина, соопштија нејзините старатели во кинеската југоисточна покраина Фузхоу. Баси го достигна екививалентот на возраста од сто човечки години.

Кинеската државна телевизија вчера во живо ја пренесуваше комеморацијата за Баси.

- Со тажно срце објавуваме дека големата панда и ѕвезда Баси угина во осум часот и 50 минути на возраст од 37 години. Беше ангел на пријателството во земјата и во странство - изјави претставник на истражувачкиот центар за панди во Фузхоу, каде Беси претстојуваше повеќе од 30 години.

Големите панди во Кина се сметаат за национален симбол и се предмет на строга заштита веќе неколку десетлетија. Поради сето тоа, тие денес не се загрозен вид.

Баси го доби своето име според долината во која е најдена.

Пандата беше инспирација за маскотата на првите азиски игри во 1990 година

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново