Виена, најомилена европска дестинација
Читателите на реномираниот њујоршки магазин за патувања „Condé Nast Traveler“ ја избраа Виена за најдобра европска туристичка дестинација. Во анкета на читателите од 2017 година учествувале 300.000 љубители на патувања. Тоа беше најголем број учесници во досегашната 30 – годишна историја.
Виена го освои првото место благодарение на богатата култура и архитектурата, а придонес даде и единствената кулинарска понуда, во која посебно се истакнува Захер тортата. Второто место и припадна на Фиренца, а третото место на Бриж.
Магазинот „Condé Nast Traveler“ има тираж од 800.000 примероци. Од 1987 година еднаш годишно ги анкетира своите читатели за најубавите туристички дестинации, хотели и спектакуларни знаменитости во светот. Покрај рангирањата за најдобар европски град, постои и светска ранг листа, каде Виена е на второто место, а Токио е прв.