Сибирски тигар во зоолошка во Калининград нападна чуварка пред вџашени туристи (Вознемирувачко видео)
Во зоолошка градина во Калининград во оградениот простор за сибирски тигри еден од големите ѕверови ја нападна својата чуварка во моментот кога им носеше храна, како што тоа го прави секој ден.
Тигарот ја соборил чуварката на земја и, според изјавите на сведоците, тргнал да ја задави, додека вџашените посетители на зоолошката градина сето тоа го гледале од другата страна на оградата. Токму тие ѝ го спасиле животот на чуварката со викање и гаѓање со камења.
Ѕверката се повлекла, оставајќи ја зад себе раскрвавената и расплакана девојка, а за да ја извлечат другите чувари го гаѓале тигарот со стрелки за успивање. Повредите кои ги нанел тигарот не се безопасни, но се очекува чуварката да преживее.
Сибирските тигри можат да пораснат и до тежина од 300 килограми.
{vembed Y=o_pf10-cEdA}