Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Живите форми од Земјата може да постојат и на други планети, според теоријата за микроорганизми од нашиот Сончев систем. Научниците што ја проучуваат меѓупланетарната прашина претпоставуваат дека прашкастата материја е способна да пренесува мали организми низ вселената.

Научници од Единбург тврдат дека бактериите и микроживотните наречени водни мечки или вселенски мечки (tardigrades) можат да го преживеат опасното патување, сугерирајќи дека вонземските бубачки можеби на истиот начин пристигнале на Земјата. Дури и некои растенија можат да го преживеат тешкото вселенско патување.

Силни струи вселенска прашина можат да патуваат со 70 километри во секунда. Со двонасочен сообраќај би можело да се испратат биочестички што спирално ќе се оддалечуваат од Земјината гравитација и од атмосферата, велат истражувачите.

„Тезата дека вселенската прашина може да носи организми на огромни растојанија помеѓу планетите предизвикува некои возбудливи перспективи за потеклото на животот и атмосферите на планетите“, рече водачот на студијата, професорот Арјун Берера од Факултетот за физика и астрономија на Универзитетот во Единбург.

„Брзите струи вселенска прашина се среќаваат низ планетарните системи и може да биде заеднички фактор за размножувањето на животот“.

Научниците од Европската вселенска агенција (ЕСА) пронајдоа траги од меѓуѕвездена прашина во еден од ледените прстени на Сатурн, направен од материјал што потекнува од неговата месечина, Енцелад. Тимот испитуваше 36 меѓуѕвездени прашкасти зрна, што е над пет пати повеќе од претходно откриениот број. Зрната главно се состоеја од калциум, железо, магнезиум, силициум и кислород.

Претходно научниците заклучија дека судирите со астероиди и комети може да донесат нов живот на Земјата, додека истражувачите од Универзитетот Колумбија велат дека животот на Земјата можеби дошол од Марс.
Џовани Касини беше првиот астроном што ја препозна оваа прашина во меѓупланетарниот простор и нејзиното присуство околу Сонцето, преку телескопски набљудувања во 17 век.

Во минатото се разгледуваше можноста за донесување живот, или на суровите состојки на животот, на Земјата. Теоријата Панспермија, како што е позната, првпат беше предложена во 1871 година. Вселенските ентузијасти веќе долго време дебатираа за таа можност.

„Ние можеме да најдеме парчиња Марс овде на Земјата и мислиме дека можеби на Марс има делови од Земјата“, рече Калеб Шарф од Универзитетот Колумбија за Бизнис инсајдер.

„Ако тој материјал може да носи живи организми со себе, можно е ние да сме Марсовци“.

Новото истражување беше делумно финансирано од Советот за наука и технологија и е објавено во списанието Астробајолоџи.

 

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново