Трик за одмрзнување на шофершајбна
Објавено на 7 декември, 2017 во 10:55
Во текот на зимската сезона возачите редовно имаат проблеми со мразот од шофершајбната.
Сепак постои решение на овој проблем, а се што е потребно е во едно шишенце распрскувач да ставите 2/3 алкохол и 1/3 вода и да додадете едно капаче сјај за миење садови.
Смесата се меша и се нанесува на замрзнатата шофершајбна, а по само една минута мразот ќе се стопи. Едноставен трик со кој се скратува времето кое се троши на стругање на мразот од стаклото.