Франциско, најстариот човек на светот, го прослави 113 роденден
Франциско Нуњез Оливера, Шпанец кој ја држи титулата за најстар човек во светот, го прослави 113 роденден завчера.
Роден е на 13 декември 1904 година во селото Бјенвенида, во западна Шпанија.
Франциско, познат како Марчена, има четири деца, девет внуци и 15 правнуци. Стана најстар човек во светот во август кога почина Израел Кристал, преживеан од холокаустот на 113 години и 330 дена.
Тој е вдовец од 1988 година, а неговите двајца синови починале, додека тој живее со најстарата ќерка, Марија Антониа (81), во близина на другата ќерка Милагрос (78).
Смета дека долго живее поради добрите гени, тешката работа и диетата со домашно произведени зеленчуци. Ужива во чаша црвено вино секој ден.
Неговиот брат Луис, има 95 години, а сестра му Јакоба 93.
„Цел живот работев во поле“, вели Франциско/
Во неговата лична карта пишува дека е роден на 13септември 1904 година, но ќерка му вели дека тој е помлад три месеци.
Кога имал 10 години ја преживеал Првата светска војна, а во 1920 година се борел против Барберите во Мароко за време на војната со Шпанија и северниот африкански сосед.
Неговата ќерка за долгиот живот вели дека има уште неколку причини како рутината во тивкото село, тоа што е сам свој шеф, не се расправа со семејството и живее добар живот со работа во полето, околу куќата и селската кафеана.
Тој е на посебна диета со оглед на тоа што нема свои заби веќе четири децении.
Неговата диета се состои од млеко и колачиња наутро со Актимел. Месо или риба за ручек, јогурт за ужина и специјални житарици со млеко навечер.
Вели дека здравјето му е добро иако на 90 години му го извадиле едниот бубрег, на 98 е правен операција од катаракта, а примен е во болница со уринарна инфекција на 108 години. Тврди дека никогаш не скршил коска, а дека притисокот му е одличен.
Шпанците се познати по долг живот кој се должи на медитеранскиот начин на исхрана и традиционалниот спор начин на живот, без многу возбуди.