Најстрмната пруга во светот отворена во Швајцарија (ВИДЕО)
Швајцарците минатиов викенд во јавна употреба ја пуштија пругата за качување на планина, а возењето со неа трае само четири минути.
Таа има посебно изградени цилиндрични вагони, кои на патниците додека се качуваат им дозволува да се во стоечка положба. Подовите на вагоните се движат и можат да се приспособат на нагорнината.
Пругата ги поврзува градот Швајц и алпското село Стос во должина од 750 метри, а нагорнината на некои места изнесува 110 насто.
Градбата на Стос бан траеше 14 години и чинеше 53 милиони швајцарски франци, пишува BBC. Портпаролот Иван Стејнер вели дека крајот на проектот е дочекан со голема гордост на сите кои учествуваа во него.
Во планинска земја каква што е Швајцарија, каде децата редовно користат жичница за да стигнат во училиште, оваа линија ќе поврзува две локални заедници, а ќе стане и нова туристичка атракција.
{vembed Y=Se4KrC0nfGE}