Кралската честитка за Божиќ со принцот Џорџ и принцезата Шарлот
Објавено на 19 декември, 2017 во 17:31
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на луѓето ширум светот им посакаа среќни празници со објавување на официјалната, кралска божикна честитка.
Од Кенсингтонската палата ја споделија фотографијата од кралската двојка, фотографирана заедно со нивните деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
На фотографијата сите се насмеани и облечени во сино, фотографирани пред бела заднина.