Мајка го фотографираше Кралското семејство со цел да ја продаде фотката за студиите на керка си
Карен Анвил од Ватлингтон во Норфолк сними совршена фотографија на кралското семејство за Божиќ и се надева дека од нејзината продажба на својата ќерка ќе и плати факултет.
На фотографијата која е објавен на Twitter и која привлече голем интерес на медиумите, се принцовите Вилијам и Хари и Кејт Мидлтон и Меган Маркл.
Карен и нејзината 17-годишна ќерка Рејчел веќе неколкупати присуствувале на традиционалната божиќна служба на кралското семејство. Со оглед на тоа дека лани била болна, 39-годишната мајка и ветила на ќерка и дека оваа година нема да го пропуштат кралскиот Божиќ во Сандрингам.
„Природно сум весела и во моментот кога поминуваа бев восхитена. Фанатично викнав Среќен Божиќ, како идиот. Тоа беше се што направив за да погледнат во мене“, вели Карен.
Брзо по објавата била преплавена со предлози за авторски права на фотографијата.
„Мразам да играм на картата на самохран родител, но јас сум самохрана мајка, работам на две места и на тоа сум горда. Секогаш сум работела. Сега сакам да заштедам пари за мојата ќерка да може да оди на факултет и добив неверојатна прилика“, вели Карен.