Околу 140.000 обезбедувачи ангажирани за дочекот на Новата 2018 во Франција
Франција планира за новогодишната прослава да ги зголеми безбедносните мерки, што вклучува и распоредување на дополнителни безбедносни сили во земјата, чиј број ќе достигне до речиси 140.000.
Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека приоритет, поради зголемени терористички закани, е гарантирање на безбедноста на Французите и туристите и прославата да помине во мирна атмосфера.
Поради тоа, Владата ќе мобилизира вкупно 139.400 припадници на безбедносните сили, претежно во Париз.
За новогодишната ноќ ќе бидат мобилизирани 56.000 полицајци, 36.000 припадници на жандармеријата, 7.000 војници и повеќе од 39.000 припадници на безбедносните сили.
Вонредната состојба во Франција, воведена по терористичките напади на 13 ноември 2015 година, кога загинаа 130 лица, е укината на 1 ноември.