Кралицата Елизабета II се жали на круната украсена со 2 800 дијаменти и украсни камења
Тајната од спалната на кралицата го уби 82-годишниот поранешен сопственик на компанијата за луксузни градници.
Елизабет II се жалеше на тежината на британската круна и тоа го кажа во документарецот на Би-Би-Си. Како што е познато, круната е околу 1,3 килограми, украсена со 2800 дијаманти и скапоцени камења.
“Не можете да погледнете надолу за да прочитате некој текст бидејќи круната ќе ви падне”, објасни Елизабет II. Сепак, таа забележува дека круната е важен кралски атрибут.
Пред еден ден поранешната сопственичка на фирмата за производство на луксузни градници, меѓу чии клиенти била кралица Елизабета Втора, раскажа дека компанијата ја изгубила нејзината доверба, откако таа напиша книга во која се споменати и примероците во Бакингемската палата, прецизира. Монитор .
Џун Кентон изјави дека компанијата “Ригби енд Пелр” го изгубила правото да се повикува дека нивни клиент е кралскиот двор. И тоа право е загубено во 2017 година. Причинате тоа што таа го споменала кралското семејство во книгата “Бура во чаша Д”.
Иако и таа да уверува дека никогаш не кажува што се случува при пробата, но во нејзината книга се опишува нејзината прва средба со кралицата и возбудата околу тој чин да влезе во кралската спална.
Кентон (82) изјави дека загубата на Елизабет II како клиент “ја убила”. Таа жали што не била “доволно мудра” да не го споменува кралското семејство во нејзината автобиографија.