Воз што лае сообраќа низ Јапонија
Објавено на 22 јануари, 2018 во 11:13
Низ Јапонија почна да вози воз што лае, односно воз што преку звучници пренесува кучешко лаење и еленски крикови, а со цел да се намалат несреќите со животни по пругите.
Животинските крикови треба да ги бркаат животните од железницата. Од јапонскиот железнички научно-технички институт објасниле дека еленско бревтање од само неколку секунди или кучешко лаење, го привлекува вниманието на животните, при што тие бегаат.
Стотици елени гинат на железничките пруги низ Јапонија секоја година, главно во оддалечените рурални области, предизвикувајќи прекини во железничкиот сообраќај.
Ваквите звуци нема да бидат пуштани во населени места.