Мини Маус доби ѕвезда на булеварот на славните во Холивуд
Објавено на 24 јануари, 2018 во 10:12
Мини Маус која се појави во повеќе од 70 цртани филмови конечно доби ѕвезда на булеварот на славните во Холивуд, дури 40 години по својот колега Мики Маус.
Ликот на Мини Маус прв пат се појави во 1928 година во филмот “Steamboat Willie”. Меѓутоа, многу ликови на Дизни порано добија ѕвезда како Пајо паторот, Ѕвончица и Снежана.
Зборувајчи за Мини Маус извршниот директор на „Волт Дизни“ Боб Игер рече дека таа официјално е првата дама на компанијата.
Ѕвездата на Мини Маус е 2.627 на булеварот на славните во Холивуд, а на свеченоста на која беше откриена Игер рече дека Мини одлично глумела, но дека по игра на случај Мики ја однесе сета слава.