Денот на вљубените, Принцот Хари и Меган, ќе го одбележат во Шкотска
Објавено на 7 февруари, 2018 во 18:25
Принцот Хари и неговата свршеница Меган кои ќе се венчаат во мај, прв пат оваа година Денот на заљубените ќе го прослават како верна двојка.
Како што соопштија од Кенсингтонската палата, помладиот од двајцата браќа со својата вереница, ќе отпатуваат за Шкотска.
Принцот Хари и Меган, ја продолжуваат низата офцијални кралски ангажмани со посетата на Единбург.
Нивната посета вклучува обиколка на дворецот Единбург, потоа посета на кафе-бар за млади во организација на “Social Bite”, која им помага на бездомниците, како и на приемот на одбележување на шкотската година на младите кој ќе биде во палатата Холироуд хаус.