Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Весникот „Лос Анџелес Тајмс“ ќе помине во рацете на локалниот милијардер Патрик Сон - Шионг за цена од 500 милиони долари и така ќе заврши тензичниот период во сопствеништво на Чикаго Трибјун.

Патрик Сон - Шионг е еден од најбогатите луѓе во Лос Анџелес и според податоците на Форбс најбогат лекар во САД со имот од 7,8 милијарди долари.

Сон-Шионг има удел и во кошаркарскиот клуб Лос Анџелес Лејкерс. Пред него, основачот на Амазон Џеф Безос го купи Вашингтон пост за 250 милиони долари, а сопственикот на безбол клубот Бостон Ред Сокс, Џон Хенри го презеде Бостон глоуб за 70 милиони долари.

Лос Анџелес Тајмс првпат по 18 години ќе биде во локално сопственишто. Весникот неодамна го смени главниот уредник, третпат во последните шест месеци, а новинарите првпат во 136 години се организираа во синдикат.

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

 ССС
 Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 05/11/2018 година.