Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Модната ревија на германскиот моден дизајнер Филип Плеин на Модната недела во Њујорк е легендарна. Не само што занесната Ирина Шајк се прошета по пистата, туку беше во друштво на огромен робот.

Атрактивната Русинка се спушти на сцената од вселенски брод под кој на крајот на ревијата сите танцуваа.

Најдобар детаљ беше кога фати за рака огромен робот кој изгледа како Трансформер и се прошета по пистата.

Целата ревија изгледаше неверојатно, а за тоа придонесе вселенскиот брод на вештачки заснежениот под. На Ирина не и беше проблем да се прошета со високи штикли на снегот, а изгледаше подобро од кога било, иако неодамна се врати од трудничко боледување.

„Ревиите се како мали погреби. Работите со месеци за да добиете шоу кое го посакувате и во моментот кога ќе го покажете во јавноста, како да сте го погребале, апа мора да почнете да работите на ново“, вели Плеин за BBC.

Но, вселенската модна ревија уште долго ќе се памети. Љубителите на модата веќе се радуваат на неговите нови идеи и колекции.

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

 ССС
 Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 05/11/2018 година.