Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Кинеската технолошка компанија EHang го претстави првиот дрон на светот способен да превезува патници.

Такси дронот Ehang 184 го доживеа своето деби во јужнокорејскиот град Гвангжу, пренесуваат тамошните медиуми.

Како што се пренесува, со беспилотното такси управува автоматски систем за летање, така што патниците не мораат да знаат да управуваат со ова летало.

Меѓутоа, патниците кои имаат искуство со пилотирање можат да летаат користејќи и рачни команди.

„Ниту едно од традиционалните летечки возила не може да постигне цел со потполно самостоен лет, така што и понатаму се далеку од обичните луѓе. Но, нашиот лет денеска покажува дека призорите кои ги гледавме само во научно-фантастичните филмови сега им се многу близу на обичните луѓе“, изјави директорот на споменатата компанија.

Такси дронот бил прегледан од страна на 150 инженери, кои извршиле илјадници часови пробен лет, вклучувајќи и тест со вертикално искачување, тест со товар до 230 килограми и тест на голема брзина до 130 километри на час, додека тестот со човечки патници е последен во низа.

Дронот има едно седиште и може да пренесе еден патник со тежина до 100 килорами во лет долг 23 минути, соопшти компанијата.

„Дронот може да им помогне да луѓето да ги избегнат сообраќајните гужви на земјата, но корисен е и за други цели, секогаш можеме да замислиме итно спасување или можеме да превеземе пациенти во болница, или пак, можеме да го користиме за туризам“, изјави коосновачот на EHang, Дерик Ксионг.

 

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново