Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Пластичен отпад почна да се собира и во претходно недопрени предели на норвешкиот Арктик, предупредија научниците.

Истражувачите се најзагиржени што многу микроделови од пластика се најдени во моркиот мраз. Наведуваат дека нашле пластичен отпад во секој дел од Арктиокот што г истражувале.

Норвешките рибари сега стравуваат дека нивните залихи риба поради загадувањето може да се најдат на лош глас.

Повеќето од отпадот е од фрлена рибарска опрема, а сопствениците на бродовите признаваат дека ќе поминат стотици години пред човештвото да излезе на крај со последиците од неколку децении непромислена употреба на морето како депонија.

Во меѓувреме се огласи и норвешкиот министер за заштита на животната средина, кој наведува дека политичарите до сега не биле во потполност запознати со сериозноста на овој проблем.

Научниците при истражувањето набљудувале планктони, безрбетници, риби, морски птици и цицачи.

Резултатите покажаа дека само во еден литар стопен арктички мраз има 234 делчиња пластика, што е многу повеќе отколку на отворено море.

Научниците се грижат дека пластиката може да има многу негативно влијание на морскиот живот кога мразот ќе се стопи и ќе заврши в море.

Други животни како ирваси може да се сплеткаат во пластиката и да угинат, а научниците постојано наоѓаат нивни тела.

 

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново