Хотел нуди попуст ако се откажете од смартфоните
Објавено на 22 февруари, 2018 во 17:24
Со нетрпение ги чекаме годишните одмори, за меѓу другото, да се одмориме и од својот компјутер и од телефоните, но вообичаено се случува токму спротивното.
Американскиот синџир хотели Виндам спроведе анкета, којашто покажа дека 54 отсто децата сметаат дека „родителите премногу зјапаат во своите смартфони“, а 32 отсто од нив рекле дека заради тоа, се чувствуваат запоставени од страна на родителите.
Поттикнати од тоа, хотелите нудат намаление за семејството, ако за време на одморот се откажете од смартфоните.
Мрежата Виндам има свои хотели во Далас, Њу Џерси, Орландо, на Карибите.