Дизни бара работници за луксузен крузер
Disney бара советници за активности за млади кои ќе патуваат на нивниот луксузен крузер и ќе посетат некои возбудливи места како калифорнискиот брег, Барселона, Мексико и приватен остров на Бахамите.
Еден од условите е да знаете шпански или португалски јазик, да имате две години искуство во работа со деца и добро да се снаоѓате во работи кои подразбираат високо темпо. Овој крузер е далеку од шега, затоа што на сред ноќ може да ве разбудат и да ве тестираат за дрога или алкохол. Во суштина, тоа е камп на вода, па веројатно кабината ќе ја делите со друг.
Иако имаат многу обврски, другите советници за активности за млади тврдат дека ја сакаат работата.
Главна обврска им е грижа за деца од 3 до 17 години, учество во програми наменети за деца. Покрај тоа советниците треба да организираат групни игри, но и да чистат подови и да помагаат во подготовката на оброците.
Месечно може да се заработи до 1.500 долари, а трошоци за сместување на море се платени.